Image
Контакт:

+389 72 232 897

 
Понеделник - Сабота

8:00 am - 16:00 pm

 
Адреса:

Скопје, Македонија

Јазик

Image
Image
Телефон:

+389 72 232 897

Понеделник - Сабота

8:00 - 16:00

Адреса:

Скопје, Македонија

За нас

Ние Сме Агро Гурмеш

Агро Гурмеш ДООЕЛ е компанија специјализирана за производство на земјоделски производи како што се морков, цвекло, компир, кромид и житни култури како што се пченица, јачмен и пченка.
Лоцирани сме во Скопје во местото Идризово,каде што се наоѓаат и нашите насади.
Станува збор за семејна компанија со повеќе од 30 годишна традиција во производството на градинарски култури.
Започнато е како примарно земјоделско стопанство со мала опременост и механизација,за со текот на годините да прераснеме во најголем производител на морков и цвекло во Р.М. со годишно производство од преку 5000 тони свеж зеленчук. Околу половина од прозводството се продава во нашата земја а другата половина се извезува во Европските земји.
Опремени сме со најсовремена механизација за завршување целиот прцес, започнувајќи од подготовка на почвата, нејзина обработка, сеење на производите, нивна заштита, собирање и вадење на зеленчукот, миење, калибрирање, пакување и нивна достава.
Мисија и Визија:
Мисија: Наша мисија е да произведуваме високо квалитетни земјоделски производи со минимално влијание врз животната средина, задоволувајќи ги потребите на нашите клиенти и соработници.
Визија: Да станеме водечки производител на зеленчук во регионот , придонесувајќи кон одржливата земјоделска практика.
Вредности:
Одржливост: Зачувување на природните ресурси и примена на еколошки пријателски практики.
Квалитет: Постигнување на највисоки стандарди во производството.
Интегритет: Транспарентност и чесност во сите деловни операции.
Иновација: Континуирано подобрување и користење на најновите технологии во земјоделството.
Сертификати и Признанија:
- ГЛОБАЛ ГАП
- ГРАСП
Image
0
Хектари
0
машини
0
Тони жетва
0
Хектари годишно

Login