Агро Гурмеш ДООЕЛ е компанија специјализирана за производство на земјоделски производи како што се морков, цвекло, компир, кромид и житни култури како што се пченица, јачмен и пченка.
Лоцирани сме во Скопје во местото Идризово, каде што се наоѓаат и нашите насади.
Станува збор за семејна компанија со повеќе од 30 годишна традиција во производството на градинарски култури.
Започнато е како примарно земјоделско стопанство со мала опременост и механизација,за со текот на годините да прераснеме во најголем производител на морков и цвекло во Р.М. со годишно производство од преку 5000 тони свеж зеленчук. Околу половина од прозводството се продава во нашата земја а другата половина се извезува во Европските земји.
Опремени сме со најсовремена механизација за завршување целиот прцес, започнувајќи од подготовка на почвата, нејзина обработка, сеење на производите, нивна заштита, собирање и вадење на зеленчукот, миење, калибрирање, пакување и нивна достава.